Андов и Фрчкоски не се сретнаа на суд, нови докази го одложија рочиштето

by Фокус

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, и универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, не се појавија на денешното судење во Граѓанскиот суд и следното рочиште е закажано за 31 октомври.

Адвокатот Звонко Давидовиќ, кој го застапува Андов, до судот утринава поднел нови докази, кои тужителот ќе треба дополнително да ги разгледа.

– Тужениот не бара одлагање на расправата, а ако тоа го предлага тужителот, тогаш трошоците треба да паднат товар на тужителот – рече тој.

Адвокатката која го застапува Фрчкоски, Ирена фрчкоска, пак, смета дека трошоците за денешното одлагање треба да паднат на товар на тужениот.

-Од 27 мај тужениот имаше доволно време да ги достави доказите – истакна таа.

Поврзани новости