Андоновска: Вие сте мои македонски јунаци, кои како мене трпите притисоци и закани, но не се откажувате

by Fokus 19:05
19:05

На протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда пред граѓаните се обрати Марија Андоновска, која истакна дека е свесна дека сите што се таму како неа секој ден трпат разни притисоци, закани, уцени.

– Но, и покрај се вие не е откажувате и тука сте на овој собир. Затоа сте вие моите македонски јунаци на кои што јас им се поклонувам. Вие сте мојата верба и вербата на илјадници Македонци дека Македонија ќе опстои, Македонија ќе остане Македонија, изјави Андоновска.

- Advertisements -

Таа вечерва констатираше дека во Македонија повеќе не постои правда.

-Република Македонија не е повеќе демократска земја, во Македонија владее хунта која сее страв, сее терор. Хунта која што ги разнебитува македонските национални интереси, води антидржавна политика и брутално се пресметува со полтичките неистомисленици. Истата таа хунта директно влијае врз македонскиот правосуден систем, да носат одлуки онакви какви што наметнува и какви што и одговараат единствено на хунтата – истакна Андоновска.

 

Поврзани новости