Почина Иван Карадак, авторот на емисијата Хихирику

by Fokus

Денес во Скопје, почина таткото на модерната македонска сатира, Иван Карадак, кој и беше познат на пошироката јавност по емисијата “Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Беше автор на театарските претстави: “Угоре високо – Удолу длабоко”, “Хумористична партија “, адаптацијата на текстот “Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма “Мајче” и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите “Коприварник”, сатиричните песни “Талкач по душата “, сатиричните песни “Записи врз водата”, куси сценарија “Лајач на месечина” и најновата книга афоризми “Мисли со Боцки “. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената “Цвеќе на карпатa “, познатите “Камчевци”, “Алф од Ново Лисиче “, “Ало Ало “, “Агенција осамени срца”, “Балканбенд ” и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.

Поврзани новости