527
Огромен скандал е што државниот секретар во министерството за здравство и претседател на општинската организација на СДС во Штип, Владимир Милошев, освен тоа што земал плата за функцијата која што е поставен си се поставил и за советник на министерот Арбен Таравари за дополнителен хонорар, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Според документите што се појавија по медиумите, јасно се гледа дека и одредени советници, во исто време се и советници и членуваат во разни комисии и управни одбори, каде земаат уште по една плата. Во игра се илјадници денари кои се одлеваат од државната каса во приватните џебови на функционерите на СДС. Потребна е одговорност – рече Андоновска.