ВИДЕО Крвав референдум за независост на Каталонија, шпанската полиција пука кон гласачите и запленува кутии

by Фокус 12:58
12:58

Гласањето на референдумот за независност на Каталонија почна денеска на голем број избирачки места.

На дел од гласачките места, полицијата од утринава се обидува да ги спречи луѓето да гласаат, а на одделни места се регистрирани инциденти.

Специјалци од шпанската полиција се судрија со гласачи на неколку места во Барселона, а националната полиција успеа да затвори околу 15 избирачки места и да заплени материјал за гласање.

- Advertising -

Шпанскиот владин делегат Енрик Миљо изјави дека шпанската влада е приморана на ваков чекор против сопствената волја, бидејќи станува збор за противуставен чин.

Каталонската влада, пак, ги повика Каталонците масовно да излезат на гласање и да не наседнуваат, ниту да предизвикуваат инциденти.

Каталонскиот регионален претседател на Владата, Карлес Пучдемон гласаше во Корнела дел Тери, на 110 километри североисточно од Барселона, откако не беше во можност да гласа на регуларното гласачко место близу Сент Хулиа де Рамис, бидејќи полицијата го опокли избирачкото место и не дозволуваше влез.

 

Поврзани новости