556
Оливер Андонов кој на денешната владина седница беше предложен за министер на МВР, откако Митко Чавков ненадејно поднесе оставка, во телефонски разговор за Телма вели дека не бил директно контактиран дека ќе биде предложен за оваа позиција.
Тој за ова дознал од луѓе кои му се јавиле да му честитаат, откако информацијата ја прочитале низ медиумите.
Инаку, Андонов ќе биде министер само еден ден, бидејќи веќе утре треба да се формира техничка Влада, во која ќе влезат опозициски министри.
Ова значи дека кога ќе се формира новата преодна влада, Оливер Андонов ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а министер ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.