Министри и градоначалници на отчет кај Груевски

by fokus

Министри од повеќе ресори и градоначалници денеска му даваа отчет на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за сработеното.

Средбата била организирани за како што рекоа, да ги анализираат досега спроведените активности за исполнување барањата на жителите од општините кои ги посетуваа владините функционери.

-Како политичка партија веќе долг период сме прифатени кај граѓаните дека сме политичка гарнитура која што стои зад дадениот збор, стои зад ветувањата, стои зад она што ќе го вети при средбите со граѓаните- рече Груевски.

На ова реагиаа од СДСМ, кои потенцираат дека Груевски нема никаква државна фунцкија, за како што велат, да ги понижува министрите и градоначалниците.

-Груевски нема кредибилитет ниту овластување за некој нему да му дава отчет. Груевски е тој кој ќе даде отчет за сработеното, но пред истражните и судските органи и ќе одговара за целиот криминал – порачаа од СДСМ.

Поврзани новости