167
Американските воени сили спасија еден член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15Е соборен над Иран, потврдија двајца американски функционери за Си-би-ес њуз.
Пилотот е извлечен од американските сили како дел од операцијата за пребарување и спасување што започна веднаш по падот на авионот.
Во тек е потрагата и спасувањето на вториот пилот.
Иранските медиуми објавија видеа на кои се гледа како американски авион Ц-130 и два хеликоптери „Блек хок“ ниско летаат над југозападеен Иран во потрага по катапултираните пилоти.
Претходно, „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека авионот што се урна во јужен Иран е борбен бомбардер Ф-15Е со двајца членови на екипажот.