Путин и Ердоган повикаа на прекин на огнот на Блискиот исток

by vlatko 21:16
21:16

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, соопшти Кремљ.

Претседателите забележале дека жестоките непријателства во Персискиот Залив водат до сериозни последици за енергетиката, трговијата, логистиката и другите сектори, не само регионално, туку и глобално.

Лидерите нагласија дека го делат ставот за постигнување прекин на огнот што е можно поскоро и работат на компромисни мировни договори што ќе ги земат предвид легитимните интереси на сите земји во регионот, соопшти Кремљ на својата веб-страница.

Путин и Ердоган разговарале и за војната во Украина, како и за билатералните односи меѓу Русија и Турција и соработката во енергетскиот сектор.

Слични вести