Уште еден американски авион се урна над Ормуз

by vlatko 22:24
22:24

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна денес во регионот на Персискиот Залив, изјавија двајца американски функционери за „Њујорк тајмс“.

Функционерите изјавија дека единствениот пилот бил безбедно спасен откако напаѓачкиот авион „А-10 Вортог“ се урна во близина на Ормускиот теснец.

Инцидентот наводно се случил приближно во исто време кога бил соборен ловецот „Ф-15Е“.

Еден од двајцата членови на екипажот на тој авион е пронајден и е кај американските сили, додека потрагата по другиот продолжува.

Непотврдени извештаи сугерираат дека американскиот пилот е заробен од иранските воени сили.

Според дописникот на агенцијата Тасним од западен Иран, врз основа на одредени информации, пилотот се катапултирал и слетал на земјата.

Постојат индиии дека Американците, верувајќи дека пилотот можеби е жив, се обиделе да го извлечат од Иран.

Сепак, некои извори велат дека пилотот најверојатно бил заробен од иранските сили.

Слични вести