Амди Бајрам: Го извадив син ми од болница, за да не го отрујат

by Fokus

Го извадив син ми од болница, за да не го отрујат, истакна пратеникот Амди Бајрам на денешната прес-конференција.

Тој тврди дека нема доверба во здравствените институции во државата.

– Елвис е во лоша здравствена состојба, но ќе го лечиме во домашни услови, а ако има потреба ќе го однесеме во приватна болница. За ова се виновни премиерот Зоран Заев и кандидатот на Шуто Оризари, Курто Дудуш – истакна Бајрам.

Тој најави дека ќе побара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакнувајќи дека не си ја знаел работата.

Актуелниот градоначaлник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам пред неколку дена учествуваше во пресметка, од каде што заврши во болница. Тој заедно со уште седумина други учесници во тепачката заработија прекршочни пријави.

Поврзани новости