Полицаец се заканувал дека ќе ја убие комисијата ако неговата ќерка падне на возачки испит

by fokus

Полициски службеник од Кавадарци се заканувал дека ќе ги убие вработените во испитниот центар на „Здружението на возачи“ доколку неговата ќерка падне на возачкиот испит.

Претседателката на испитниот центар и вработен како контролора случајот го пријавиле во полиција, откако вчера на пладне во службените простории на центарот се појавил полицаецот со иницијали Ј.К. и почнал да им се заканува затоа што неговата ќерка не го положила испитот. Пред да излезе од канцеларијата тој упатил сериозни закани кон двајцата дека ќе ги убиел со пиштол нив и останатите од комисијата, доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит, по што излегол од канцеларијата.

„За кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П.  но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Подоцна на Ј.К. му е одземено службеното оружје и муницијата со потврда за привремено одземени предмети. Од МВР најавуваат дека ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело “насилство”.

Поврзани новости