436
Србија сака да се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и поддржува се што ќе договорат двете земји, изјави денекса во Битола српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.
„Република Србија и посакува на Македонија се најубаво како на близок сосед и традиционален пријател. Искрено се надеваме дека ќе се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и на тој начин целиот регион да се придвижи и да се искористи историската шанса посочена во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, а тоа е членство во ЕУ“ – истакна амбасадорката Дивјак Томиќ.