542
Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Бернс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.
Бернс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.
– Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на твитер профилот на американската амбасада.
Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид.