Нухиу за дивоградбите во Охрид: Да ти се плукнам во држава каде коалициски интереси се над законите

by fokus

Новинарот Арменд Нухиу се вклучи во критиките на јавноста кон тоа како власта го третира охридскиот регион. Нихиу пишува дека случајот со дивоградбите во Охрид и опасноста езерото да се најде на листата на загрозено светско наследство, покажува всушност дека интересите на коалициските партнери се поважни од интересите на државата. Тој се надоврза и за кањонот Матка во кој луѓе на ДУИ држат диви платформи.

– Нефи Усеини, советник на ДУИ завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа. И никому ништо. На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо. Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите – пишува Нухиу.

Поврзани новости