Амбасадата на САД потврди: Утре напладне оценка за условите за избори

by Фокус 17:42
17:42

Од амбасадата на Соединетите американски држави доцна попладнево соопштија дека утре напладне ќе биде соопштена оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување веродостојни избори на 24 април.

Ќе биде испратено писмо до техничкиот премиер Емил Димитриев со извештај кој ќе се однесува на оценката што ја подготвуваат ОДИХР-ОБСЕ и Државната изборна комисија.

- Advertisements -

Евроамбасадорот Орав, кој е на консултации во Брисел, пред неколку дена изјави дека проценката на ситуација е во три области за подготовката за изборите – Избирачкиот список, медиумите и одвојувањето помеѓу државата и партиите.

Поврзани новости