Нема притвор ниту за Јанкулоска

by Фокус

Основниот суд Скопје 1 денеска ги отфрли жалбите кои Специјалното јавно обвинитеслство ги поднесе откако Судот не и одреди мерка притвор на втората група испрашани осомничени во случајот „Титаник“. Во оваа група беа и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски.

-Кривичниот совет составен од тројца судии, по секој поединечен предмет по жалба на Обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделението за организиран криминал и корупција, донесе решенија со кое жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското слеење на комуникациите, за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува, се вели во соопштението на Судот.

Од Судот известија дека решенија кои во текот на денешниот ден биле писмено изработени, се испратени до странките.

Поврзани новости