Почина 21-годишна родилка во прилепската болница

by Фокус

Нов смртен случај на родилка во прилепската болница. 21 годишната Симона  Блажеска починала ноќеска, откако во текот на денот се породила. Породувањето поминало добро, а таа била во добра здравствена состојба.

Околу 14 часот родила здраво машко дете, по што имала и посети од блиските во текот на денот. Но, околу 19 часот се пожалила на болки, а по настанатите компликации и обилното крварење, родилката починала еден час по полноќ.  Роднините велат дека ќе бараат истрага за да дознаат што се случило со младата мајка на која ова и бил втор пораѓај.

Од болницата во Прилеп велат дека тие направиле се што можело за да ја спасат младата Симона. Породувањето течело нормално и го извршил гинеколог кој ја следел нејзината бременост.

-Пациентката беше префрлена во одделението за интензивна нега и реанимација, направена е опсежна реанимација, постапено е по сите стандарди и протоколи, ангажирани се  4 гинеколози, 2 анестезиолози, 1 уролог, но во 1,45 мин пациентаката почина, изјави  Петар Ристевски, директор на градската болница „Борка Талески“  во Прилеп.

Поврзани новости