Алтернатива: Да се одземе лиценцата за работа на компанијата што го обезбедува М-НАВ

by Fokus

Алтернатива бара раскинување на договорот и одземање на лиценцата за работа на компанијата која го обезбедува објектот на Македонската навигација.

Случајот со бруталниот напад на контролорите на летови, според партијата, открива дека ваков инцидент што можел да заврши со трагични последици и закана за националната безбедност, е овозмошен од обезбедувачкиот персонал на компанијата “2SS Security” кои, иако биле должни, не го спречиле овој напад.

„Ситуацијата станува уште појасна сега кога јавноста знае дека сопственикот на оваа компанија e близок со лидерот на ДУИ. Како да се ова не е доволно, вчера во Гинеколошката болница во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето (зачудувачки, и во оваа болница тендерот за обезбедување го има истата фирма), претепале постар човек без никаква причина“, велат од Алтерантива.

Поврзани новости