Подготвени се писмените материјали што Али Ахмети ги бара од Зоран Заев и наскоро ќе бидат доставени до ДУИ, велат за Алсат-М извори во СДСМ. Засега не се прецизира нивната содржина. Социјалдемократите сметаат дека следната недела ќе биде одлучувачка за партијата на Ахмети – очекуваат дека ќе ги добијат неопходните пратенички потписи за добивање мандат за составување влада, објави телевизијата Алсат-М.
Сепак, извори од ДУИ за Алсат – М брифираат дека и покрај неуспехот претходно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат, сепак Груевски и Ахмети наводно се сретнале во изминатите денови. Средбата, според информациите на Алсат- М, не поминала во релаксирана атмосфера.
Едно крило во ДУИ, и натаму се обидува да издејствува чекори во корист на соработка со ВМРО -ДПМНЕ кои во најмала рака би оделе на оддолговлекување на целиот процес, нешто што и самиот Ахмети суптилно го најави со споменување на белгиско сценарио – ситуација во која земјата две години немаше влада.
Сепак, извори за Алсат-М брифираат дека тоа нема да оди така лесно, бидејќи се поголем станува и притисокот на мнозинството на членството кое смета дека потписите треба да бидат дадени на СДСМ.