ВМРО-ДПМНЕ ветува нови училишта, СДСМ обвинува дека повторно лажат

by fokus

Нови објекти на основните училишта „Вера Јоциќ“ и „Крсте Петков Мирирков“ ќе бидат изградени во следниот период. Во рамки на ОУ „Вера Јоциќ“ ќе биде изградена и модерна спортска сала, а набрзо ќе почне и градбата на новата спортска сала во рамки на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во село Стајковци во општина Гази Баба. Ова е ветувањата кои денеска ги дадоа заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Од СДСМ, пак, ги обвинија дека повторно ширеле лаги, бидејќи наместо досега да градат, мислеле на местење на тендери

-Учениците низ цела Македонија ќе учат во модерни и достоинствени училишни објекти што ќе ги изградат и реконструираат новите одговорни власти. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Тони Трајковски да сакаа досега ќе им го овозможеа тоа на учениците во Гази Баба, да не мислеа само на тендер интересите на криминалната централна власт во заминување, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека по промените на централната власт, ќе има промени и во локалната самоуправа.

Поврзани новости