Обвинителите од СЈО се вратија од Охрид, дел од сведоците не се појавија на распит

by fokus

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска се вратија во Скопје, откако три дена во охридската полиција вршеа распит на дел од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од поканетите сепак не се појавија на распит, по повикот за бојкот кој го добија од партијата.

Од кај специјалната обвинителка Катица Јанева не откриваат дали тоа ќе го толкуваат како влијание врз сведоци. Од централата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје пак, го повторуваат ставот дека за нив СЈО е продолжена рака СДСМ.

Предметот кој СЈО го отвори деновиве во Охрид наиде на негодување од членовите и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ кои треба да дадат исказ дали и на кој начин ја финансирале кампањата на партијата. Тие организираа и протести пред Охридското СВР.

Поврзани новости