Алсат М: Груевски се слушнал со Заев еден ден пред да побегне преку Дебар со помош на унгарските служби

by Фокус

Поранешниот премиер Никола Груевски планот за бегство во Унгарија го смислил две недели пред да побегне од државава, при неговата средба со унгарскиот амбасадор, објави Алсат М.

„Еден ден пред датумот да се појави во затвор, тој создаде впечаток дека купува облека и неопходни работи за во затвор. Два дена пред бегството, тој исто така ги поздравил своите роднини и некои негови блиски соработници“, објави Алсат М.

Телевизијата уште открива дека во вечерните часови кога избегал, Груевски наводно излегол со неговото Фијат Пунто од подземната гаража во зградата каде живее, но, според Алсат М, се смета дека всушност тој уште директно се качил во автомобил на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, кој потоа го вратил во гаражата.

„Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, се дознава дека Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери“, објави Алсат М.

Телевизијата уште пренесе дека неколку минути претходно Груевски телефонски се слушнал со премиерот Зоран Заев, но Заев ги отфрлил ваквите информации, истакнувајќи дека долго време немал директен контакт со Груевски, освен во одредени случаи кога тие комуницирале преку своите курири.

Поврзани новости