Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија со монтажна катна гаража

by irena 21:18
21:18

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу во гостување на „Само интервју“.

Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. Најпрво, по изборите, ќе се спојат Кардиологија и Кардиохиругија, а потоа и останатите меѓусебно сродни и природно поврзани клиники.

Според него, малку операции има на Кардиохирургија поради гапот на барања и недостиг на кадар.

Затоа, рече, прв пат е потпишан Меморандум за соработка со приватните болници.

-Административниот процес за паркингот заврши и најверојатно за кратко ќе почне да се работи. Министерството за здравство ќе потроши нула денари, зашто ќе се инвестира од ЈП Паркинзи – Скопје. Ценам, а и така ни е дефинирано, за три месеци да биде завршен паркингот, напомена Алиу.

Слични вести