Алиспахиќ: Треба да се направи дистинкција помеѓу сообраќајката во Бугарија и судењето за случајот „Беса Транс“

by Fokus

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.

– Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.

Поврзани новости