Алиоски: Важно беше да земеме бод денеска

by Fokus

Езџан Алиоски беше единствениот стрелец на денешниот меч против Украина, но за жал се покажа како единствен погодок на денешниот меч.

Алиоски смета дека нашата репрезентација заслужено е на ова Европско првенство и сега мислите се насочени кон мечот со Холандија.

„Првото полувреме требаше да играме поагресивно и да правиме пресинг, тоа беше негативна работа кај нас. После 2-0 е тешко да се вратите на еден меч.  Секој натпревар треба да биде со сериозен пристап. Важно беше да земеме бод денеска, и жал ми е … тоа е фудбалот. Имаме квалитет и ќе одиграме похрабро против Холандија“, рече Алиоски.

Поврзани новости