Ангеловски: Заслужено сме дел од европскиот крем

by Fokus

И покрај поразот од Украина, сепак сме заслужено на ова Европско првенство и овие момци го докажаа тоа, порача селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција.

„Одигравме две различни полувремиња. Она што го видовте во второ полувреме беше замислена идеја. Тоа покажа зошто сме на ЕП. Нас ни е криво што не беше тоа заокружено и со позитивен резултат. Победени сме, но не поразени. Заслужено сме од европскиот крем и само така треба да продолжат против големата Холандија за четири дена“, истакна Ангеловски.

Поврзани новости