Алијанса за Албанците реагираше остро на средбата Пендаровски – Мицкоски. Според опозициската партија, со вчерашната средба, правдата во земјава е погребана. Алијанса ја обвини и владејачката ДУИ, за која рече дека се спремни да дадат сè за да избегаат од правдата за сите злосторства што ги сториле.
-Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, одлучуваат и вршат притисок врз судовите и обвинителството во врска со најсериозниот терористички акт во земјава, насилството врз највисоката институција и избраните претставници на народот. За да го легитимираат целиот овој скандал, тие му наложуваат на претседателот на партија на Албанците во Владата, Али Ахмети, да излезе и уште порешително да суди дека на 27 април немало тероризам…. тие никогаш не ја отворија устата, ниту за монтираните случаи против Албанците, ниту за амнестијата на убиецот на малиот Алмир, рече Наим Бајрами-Алијанса за Албанците.