Алијанса за Албанците ќе бара од Џафери да ги разреши министрите Меџити и Алиу

by Fokus

Од кадровската комисија на Алијансата за Албанците одлучиле да му предложат на техничкиот премиер Талат Џафери да ги разреши министрите за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за здравство Фатмир Меџити.

„Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од 5 гласа, одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство.

Одлуката е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер“ соопштуваат од партијата.

Министерот за здравство Фатмир Меџити на прашањето дали ќе го извести техничкиот премиер Талат Џафери дали се чуствува како дел од Владата или не, рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател.

Поврзани новости