Продолжува нестабилното време – постабилно време од понеделник, детали

by Fokus

До крајот на оваа недела времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервало од 22 до 29 степени.

И во Скопје и околината ќе продолжи нестабилното време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималнате температура во Скопје овие денови ќе се искачи до околу 25 степени.

Постабилно и потопло време ќе имаме од понеделник.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости