Алаѓозовски: Сите опции за Скопје 2014 се разгледуваат, вклучително и уривање и задржување

by fokus

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на денешната дебата за иднина на „Скопје 2014“ рече дека сите опции за Скопје 2014 се разгледуваат – и задржување и уривање и пренамена, но сè ќе биде направено со широка расправа и со меѓународен конкурс за можни решенија.

-Одржувањето на објектите од проектот „Скопје 2014“ е исто толку скапо како и нивното уривање и според тоа, основната претпоставка со која почна изградбата на овој проект, како проект што на Владата ќе ѝ заштеди пари за кирии, е соборена, рече министерот за култура.

Од „Плоштад Слобода“, организацијата која ја организираше дебатата, рекоа дека ревизијата на „Скопје 2014“ не траба да ги опфати само финансиските и процедуралните аспекти во изградбата, туку и функционалноста на објектите.

Поврзани новости