642
Легендарниот актер Ал Пачино, кој неодамна наполни 83 години, го чека своето четврто дете, потврдија неговите претставници.
Ѕвездата од трилогијата „Кум“ објави дека неговата 29-годишна девојка Нур Алфала е бремена во осмиот месец.
Според американските медиуми, Пачино и Алфала се во врска од почетокот на пандемијата Ковид-19.
Познатиот актер веќе има три деца – близнаци со Беверли Д’Анџело и ќерка со Џена Тарант.
Неговата девојка Алфала исто така работи во филмската индустрија и има продуцирано филмови како Били Најт и Броса Ностра.
Претходно, во текот на 2017 година, таа беше во врска со музичарот Мик Џегер.
Неговиот колега од вториот дел на „Кум“, Роберт Де Ниро, неодамна објави дека на 79-годишна возраст станал татко по седми пат.