Вучиќ за CNN: Меѓународната заедница да преземе акција против оние кои се тврдоглави и го загрозуваат мирот

by fokus

Србија го исполни сето она што беше договорено во договорите со Приштина од 2013 година, а Приштина имаше само една обврска – формирање на Заедницата на српските општини и тоа не е направено и немаат намера да го исполнат, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во програмата на Си-Ен-Ен.

Одговарајќи на прашањето за локалните избори во Косово, српскиот претседател беше експлицитен дека нема уцени или притисок врз Србите да не гласаат.

-Дали некогаш сте слушнале за избори кои се легални и легитимни, а на нив излегле само 3,41 отсто од гласачите, праша тој.

Тој изјави дека откако косовскиот премиер Албин Курти дојде на власт, забележани се голем број етнички мотивирани напади и престрелки.

-Србите сакаат заштита за себе и за своите најблиски. Откако Курти дојде на власт, има над 353 напади врз Срби. Само од почетокот на оваа година има пет пукања на српски цивили, меѓу кои и деца, рече Вучиќ.

Тој потсети дека до 2013 година Србите никогаш не учествувале на изборите организирани од Приштина и дека оттогаш учествувале четири пати и дека никогаш немало никакви проблеми додека Курти не дојде на власт.

Како што рече претседателот на Србија, тој им забранил на Србите да учествуваат на референдумот организиран од Белград, забранил учество на парламентарни избори и пред се не ја формирал ЗСО, која и пред 11 години беше предуслов Србите да учествуваат на изборите на сите.

На прашањето како да се деескалира ситуацијата, тој изјави дека Белград е посветен да ги повика Србите да останат смирени.

-Влијаеме Србите да бидат смирени и да ја стабилизираат ситуацијата што ја дестабилизираше режимот во Приштина, рече српскиот претседател.

Тој потсети дека во настаните на северот на Косово пред два дена, Србин беше погоден со два куршуми во грбот и изрази жалење што беа повредени и некои војници на НАТО.

-Она што можеме да го направиме со нашите меѓународни партнери од ЕУ, САД и целиот свет е да постигнеме стабилност во регионот. Зошто го велам тоа? Бидејќи Србија е 50 отсто од економијата на Западен Балкан, тоа е 63 отсто на директните странски инвестиции во регионот. Не ни треба никаква ескалација, потребен ни е мир. Затоа ја покренав иницијативата Отворен Балкан, рече Вучиќ.

На прашањето што е потребно Србија да ја признае независноста на Косово, Вучиќ вели дека тоа никогаш не било прашање. Тој јасно посочи дека независноста на Косово не е на маса и дека во Охрид и во Брисел се зборувало за нормализација, а не за признавање. Нормализацијата, додаде тој, е предуслов за идниот напредок на Србија, а исто е, вели, и со Приштина.

-Ние ја признаваме само Повелбата на ОН и резолуциите на ОН. И тоа е сè што признаваме. Но, ние секогаш сме подготвени да разговараме за компромисни решенија. И тоа е она што секогаш го правевме. Вистинското прашање е зошто некој сака да ја ескалира ситуацијата. Слушнав во различни медиуми дека Србија ќе нападне некого по налог на Путин. И, се разбира, тоа не се случи, изјави срспкиот претседател.

Поврзани новости