Акционери од Топлификација испратиле допис до Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во кој го прашуваат дали по допрен глас ќе почне истрага за, како што велат, скандалозната државна помош доделена на осомничената фирма ТЕ-ТО АД во висина од 12 милиони евра, која со аконтациите кои не се платени, а не се опфатени со државната помош реално достигнувале околу 20 милиони евра.
Во писмото акционерите го прашуваат Јовески и што се случува со кривичната пријава за лажен стечај на ТЕ-ТО АД поднесена од Управата за финансиска полиција и зошто предметот четири пати се сели од едно до друго обвинителство, односно и по година и половина не се отвора истрага. Прашуваат и дали е запознат со основот за лажниот стечај на ТЕ-ТО АД Скопје.
„Непреземањето на активности од страна на обвинителствата како и давањето државна помош на осомничена приватна фирма му овозможуваат прикривање на сторените кривични дела на друштвото чиј сопственик е офф шор компанија, нанесувајќи штета на македонски компании од преку 40 милиони евра, заради што сметаме дека има потреба од јавно објавување на прашањата поставени на главниот јавен обвинител на РСМ, стои во писмото.
Владата одлучи да му додели државна помош на ТЕ-ТО во форма на одложување на плаќањет она данокот на должникот кон УЈП. За оваа фирма се води истрага во обвинителството откако Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави во јуни годинава. Топлификација е малцинси акционер во ТЕ-ТО, а акционерите кои тврдат дека се оштетени со стечајот на ТЕ-ТО допис за овој случај во петокот испратија и до Владата.