Акција „Луксуз“: Разбиена македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале во Албанија

by Fokus

Албанската полиција разбила организирана македонско-косовска група чии членови краделе скапи возила во западно европските земји и ги продавале во Албанија.

Во акцијата насловена „луксуз”, запленети се седум луксузни возила, уапсено е едно, а се трага по уште пет лица. Во полиција на распит се повикани и лица кои набавиле возила од оваа група.

-Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско-македонската и „Морина” на границата со Косово, соопшти полицијата.

Во соопштението се додава дека за да избегнат следење пред да влезат на албанска територија, го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени. Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата.

-Оваа шема се користела веќе пет години и основано е сомнението дека во Албанија на овој начин се внесени над 200 луксузни возила, потврди полицијата.

Поврзани новости