Активности за зголемување на згрижувачките семејства

by Фокус

Министерството за труд и социјална политика преку законски решенија, стратегии, програми и активности работи на создавање на услови за секое дете да расте и се развива во средина блиска на семејната, правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа им овозможува на децата развивање во здрави личности кои ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа присуствуваше на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ во Битола, каде се осврна на политиките и преземањето на конкретни активности на Владата и Министерството во насока на унапредувањето на детската заштита. Целта на кампањата која започна од почетокот на јуни, е подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.

-Министерството спроведувајќи го процесот на деинституционализација има преземено низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства, рече министерката.

Тренчевска напомена дека во полето на развој и унапредување на услугата сместување во згрижувачко семејство се прават напори да се прошири мрежата, да се подигне квалитетот на грижа во постоечките згрижувачки семејства и да се развијат специјализирани згрижувачки семејства.

Поврзани новости