Активни два големи шумски пожари во Грција, евакуирани села и хотел

by Fokus 09:15
09:15

Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и се сè уште активни, а превентивно беа евакуирани села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина.

Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите се гасат и од воздух со авиони и хеликоптери.

Едниот пожар е во централна Грција во близина на градот Итеа, а преку бројот за итни случаи 112, синоќа беше побарано од жителите што се наоѓаат во северниот дел на градот да се евакуираат.

Во вториот пожар во близина на Краниди на Пелопонез, утрово е подобрена ситуацијата, иако пожарот сè уште не е локализиран, а синоќа беа евакуирани туристите сместени во голем и луксузен хотел.

Поврзани новости