1K
Македонскиот актер Љуран Ахмети почина како последица од коронавирусот.
Четириесет и шест годишниот актер, кој е син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети, освен во многуте театарски претстави, филмови и кратки филмови, во изминатите години глумеше и во некои од најпознатите серии во Турција.
„Со длабоко жалење ја споделуваме веста дека почина еден од најталентираните актери на сцената на Албанскиот театар и светската филмска сцена. Ќе остане огромна и неисполнета празнина во културниот живот во земјата. Почивај во мир Луран! Сочувство до семејството, колегите и сите љубители на уметностa!“, напиша на Фејсбук министерката за култура, Ирена Стефоска.