Заев прифати средба со Мицкоски, ќе се одржи во понеделник

by Фокус

Премиерот Зоран Заев ја прифати понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тет-а-тет средба, која ќе се одржи во понеделник.

„Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Претходно, Мицкоски го покани Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за, како што рече, кризата со пандемијата, работата на Парламентот, пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите.

Поврзани новости