Актерите Рајан Рејнолдс и Роб Мекeлхени влегуваат во Формула 1

by Fokus

Холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекeлхени се придружуваат на инвеститорска група која презема 24 отсто од акциите во Alpine Racing на Формула 1.

Актерите Рајан Рејнолдс (46) и Роб Мекeлхени (46) во 2020 година го купија англискиот фудбалски клуб Рексам, стар 158 години, со обид помалку познатиот клуб да добие светско внимание и да напредува во англиската лига. Тие сега прават чекор понатаму и влегуваат во Формула 1. Ним треба да им се придружи уште една холивудска ѕвезда Мајкл Б. Џордан (36), пишува People.

Матичната компанија на тимот од Формула 1, Рено, го објави вчера овој потег на Рејнолдс групацијата „Maximum Effort Investments“, која ќе купи 24 отсто од акциите во тимот на Alpine F1. Вредноста на трансакцијата е 218 милиони долари, а целиот тим е 900 милиони евра, соопшти Алпине.

„Нашиот тим ќе има корист од новите инвеститори со оглед на нивната експертиза и искуство во спортската индустрија, вклучувајќи медиуми, спонзорство, билети, угостителство, управување со комерцијални права, стратегија за лиценцирање и продажба. Ова ќе ни помогне да растеме“, соопшти Алпине.

Во 2020 година, Рејнолдс и Мекелини го купија Рексам за 2,5 милиони долари и му помогнаа да се врати во фудбалската лига, првите четири нивоа на англискиот фудбал, каде што беше 87 години, до 2008 година. Тие направија документарен филм за враќањето „Добредојдовте во Рексам“.

 

Поврзани новости