Аки Рахимовски доживеал мозочен удар

by Fokus

Пејачот на групата „Парни Ваљак” Аки Рахимовски доживеал мозочен удар и сите концерти на бендот се откажани, соопштија на официјалните страници на Фејсбук и Инстаграм.

– Драги наши, за жал, принудени сме да ги откажеме сите концерти до понатамошно известување. Аки Рахимовски има помал мозочен удар, и иако сега се чувствува подобро, тој треба да мирува и да се фокусира на опоравување некое време. Ние сме многу сериозни во врска со нашата работа и нерадо ги разочаруваме илјадниците од вас кои се радуваат на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место. Ви благодариме на разбирањето и ве повикуваме на нашиот Аки да му испратие љубов и позитивна енергија да се врати посилен” – се наведува во официјалното известување на групата Парни Ваљак на ФБ.

Поврзани новости