Ахмети зборува за историски лекции, а неговиот народ се иселува, вели Мицкоски

by vlatko 22:22
22:22

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Битола изјави дека „ДУИ биле господарите на економијата, одлучувале за тендери и купувале трговски центри, бензински пумпи и деловни простории“, потсетувајќи и на случаите со „играње фудбалчиња во канцеларија“. Во говорот тој го спомна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Тажно е што зборува за историски лекции, а неговиот народ се иселува поради криминалното владеење. Во Владата го зголеми своето семејно портфолио со трговски центар во главниот град, неговите луѓе купуваа скапи деловни простории. Но, не кажува ни збор како ќе ги задржи Албанците дома. Тој игра на етничка карта, а ние пишуваме нова книга – за развиена Македонија каде младите ќе се враќаат – порача Мицкоски.

Слични вести