Ахмети утре ќе се сретне со Заев: Сигурен сум дека ќе најдеме решение за консензуален претседателски кандидат

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за утре најави средба со премиерот Зоран Заев на која ќе разговараат за заеднички кандидат за претседател, но и за политичката ситуација во земјата, пренесе порталот Радио Слободна Европа. По средбата со албанскиот министер за надворешни работи Гент Чакај, Ахмети на прес-конференција рече дека утре со Заев ќе разговараат долго и широко и дека е сигурен оти ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.

Ахмети вели дека нема криза во односите во владината коалиција.

-Може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалогот меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција, рече Ахмети.

Поврзани новости