520
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при денешната посета на општина Желино истакна дека е потребна концентрација на албанските гласови и нема потреба од многу албански политички партии.
-Не сум во политиката за се збогатам и да направам кариера, туку да работам за овој народ. Јас нема да заминам засрамен, ние имаме уште многу работа пред нас… Доброто бавно доаѓа, но злото доаѓа без повик… На Албанците не им треба анархиски плурализам со многу партии, рече Ахмети.
Тој додаде дека без разлика што се зборува, тие не смеат да отстапат од нивната агенда и нивните определби кон реализирањето на благородните намери кои ги имаат Албанците во Македонија.