Груевски му го додели државниот орден на Џорџ Буш

by Фокус

Премиерот Никола Груевски на вчерашната гала вечера на организацијата „Македонија 2025“ одржана во САД, на поранешниот американски претседател, Џорџ Буш, му го врачи Орденот на Република Македонија за како што рече Груевски, големиот придонес на поранешниот американски претседател во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД.

-Претседателе Буш, дозволете ми во име на Владата на Република Македонија, во мое лично и во име на сите македонски граѓани да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за придонесот кој го имавте за стабилноста на нашата земја. Поддршката која ја дадовте за Македонија ја препознаваат и ценат денешните генерации на Македонци и истата силно ги зајакна темелите врз кои се градат односите помеѓу нашите држави, рече Груевски.

Премиерот додаде дека признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД и личната поддршка која ја дал Буш во текот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ќе останат врежани во македонската колективна меморија.

Поврзани новости