Мене не ме загрижува тоа што СДСМ го бара гласот на Албанците, туку ме загрижува создавањето на многуте политички партии кај нас, на малите албански партии создадени од разни сомнителни кругови, кои нема да успеат да добијат толку гласови како што претендираат, туку само ќе го намалат бројот на пратеници, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при денешната посета во Сингелиќ.
-Овие политички партии немаат можност да ги направат чудата што ги ветуваат, затоа што, за да се направат им треба капацитет, а капацитетот им недостасува. Бидејќи албанската опозиција не се обедини, ДУИ не знае со кого да се натпреварува. Целата структура на ДУИ не е заинтересирана Албанците да се распарчат. Меѓутоа, тоа е демократијата – рече Ахмети.
Според него, во Македонија се уште не е создаден амбиент за основање или за промоција граѓански концепт, затоа што, додава тој, Албанците не се на рамноправно ниво со Македонците.