Ахмети: Адеми не пукал, тој е жртва на озборување

by fokus

Случајот со пукањето каде се сомничи пратеникот Џеват Адеми повеќе е проблематизиран во медиумите. Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, па затоа треба да се почека органите на редот да го кажат својот збор. Вака коментираше денеска шефот на интегративците Али Ахмети за овој случај, каде од страна на родителот на повредениот Јусуф Билали, Адеми беше обвинет дека тој го сторил делото, објави Алсат М.

-Има правосудни органи, има органи на редот и тие треба да ја кажат вистината за тоа како се случил настанот. Никој не сака ниту да го убие момчето, ниту да го убие пријателот и барем Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, но, ова е прашање кое треба да го кажат правосудните органи. Џеват во овој случај повеќе е жртва на озборувања, изјави Ахмети.

Поврзани новости