Момче од Скопје со нож ги нападнало родителите и братот

by fokus

Момче од Скопје било приведено откако со нож ги нападнал родителите и помладиот брат, соопшти МВР.

-На 03.09.2019 околу 19.20 часот во СВР Скопје бил приведен Ф.К.(21) од Скопје, бидејќи со употреба на остар предмет физички ги нападнал неговиот татко С.К(56), мајка (В.К) и брат Д.К.(19), сите од Скопје, при што им нанел телесни повреди. Причина за нападот биле нарушени семејни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости