Агелeр и Петровска денес ќе присуствуваат на воената вежба во Кавадaрци 

by Fokus

Отворен ден организиран во рамки на вежбата „Брз одговор 23“ денеска од 11 до 14 часот ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци каде ќе бидат прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба.

На настанот ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Во рамки на отворениот ден, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воени возила на нашата Армија и на вооружените сили на САД, Албанија, Црна Гора и Косово.

Ќе биде претсавена и опрема за алпинизам, нуркање, АБХО заштита и падобранство од Армијата. Во Кавадарци ќе биде прикажано и роботизираното софистицирано возило.

Вежбата „Брз одговор 23“  која почна на 22 мај на армискиот полигон во Криволак, е најголема вежба во земјава годинава со  над 850 учесници. Покрај АРМ во вежбата учествуваат Националната гарда на Минесота САД, армиите на Албанија, Црна Гора и на Косово.

Поврзани новости