Бостон Селтикс изборија шанса да играат меч за пласман во плеј оф на НБА

by Fokus

„Бостон Селтикс“ до неодамна беше во безизлезна ситуација, а сега тимот од Масачусетс успеа да победи во мајсторски меч против „Мајами Хитс“ и тоа на нивен терен, бидејќи шестиот натпревар на Флорида го доби со 103:104.

Херој на Селтикси беше Дерик Вајт кој со звукот на сирената успеа да постигне кош по офанзивен скок по промашувањето на Маркус Смарт. Бекот на гостите се крена да шутира на три секунди, но не беше прецизен, но за негова среќа, Вајт добро следеше се и погоди за големото славје на гостинската екипа.

Тимот на Џо Макула е на чекор од испишување историја во НБА лигата. Селтикс ако победат во седмиот меч, би станале првиот тим кој оди во плеј-офот а направил пресврт од 0:3.

Бостон стана четвртиот тим, по Никс во 1951 година, Денвер во 1994 година и Портланд во 2003 година, кои успеаја да ја надополнат негативата во серијата по три последователни порази во плејофот, а за два дена пред своите навивачи имаат шанса за голем пресврт и пласман во финалето.

Кошаркарите на „Денвер нагетс“ меѓу кои и српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги победија ЛА Лејкерс со 4:0 и се уште чекаат да видат кој ќе им биде ривал во големото финале. Ќе дознаат ноќта помеѓу понеделник и вторник кога Бостон и Мајами го играат решавачкиот седми натпревар.

Поврзани новости